„БАТЕ – КОМЕРЦ“ ДООЕЛ Скопје е основана во 2002 година. Следењето на трендовите на пазарот придонесе да прераснеме во една од водечките транспортни компании во регионот. Брзата и безбедна испорака на стоки, како и нивното чување по највисоки критериуми придонесе да воспоставиме нови стандарди во работењето. Располагаме со повеќе од 100 стандардизирани и опремени возила. Нашиот стручен тим, кој број повеќе од 130 луѓе, кои работат во современи услови е целосно посветен на обезбедување највисоки стандарди при организирањето на транспортните услуги. Континуираното надградување и едукација во областа, придонесува да гарантираме сигурен превоз на стоки на територија на цела Европа. Секојдневните обуки и тренинзи придонесоа успешно да се справуваме и со кризните ситуации, кои се составен дел на секоја работна средина.

МИСИЈА
„БАТЕ – КОМЕРЦ“ ДООЕЛ се стреми да обезбеди високо квалитетен транспорт и логистика на стоки, како во внатрешниот, така и во меѓународниот товарен патен транспорт. Исто така, едни од нашите главни одлики се лојалноста кон клиентите, но и континуираното инвестирање во нашите вработени, чија професионална надградба е клучна за сеопфатен успех.
ВИЗИЈА
Во претстојниот период, ќе продолжиме да работиме за да ја задржиме лидерската позиција во регионот, но и да бидеме препознатлив бренд на европскиот и светскиот пазар. Менаџментот на компанијата, како и сите вработени продолжуваат да работат и делуваат на највисоко ниво. Професионалниот пристап, мрежната поврзаност и мобилноста остануваат наши особености во секојдневното работење.